“Проблемот на грците со нашето име, и притисоците што ги трпиме за негова промена“

Во понеделник, на 03.11 во 12.00 часот во просториите на КИЦ (Културно Информативен Центар) во Скопје, спроти ГТЦ, ќе организираме отворена маса, трибина, платформа – наречете ја како сакате, на тема “Проблемот на грците со нашето име, и притисоците што ги трпиме за негова промена“.

Целта е реално и од научен аспект, да се согледаат сите аспекти на овој проблем, како и да се посочат решенија и излезни сценарија. Но, сето тоа без странски платеници, инфилтрирани предавници и лукративни политичари.

Целта е да се направи вистинска трибина, а не монтировка од типот на трибините и платформите што досега ги гледавме.

До овој момент договорени се на трибината да земат учество:
Професорката Вилоета Ачковска
Професорот Далибор Јовановски
Новинарката Мирка Велиновска
Режисерот Борис Дамовски
Политичкиот аналитичар Емилија Гелева
Аналитичарот од САД Умберто Паскали
Новинарот Миленко Неделковски

Се надеваме дека на поканат ќе одговорат и Професорот Саркањац и студентите од групата на Професоротр Шкариќ.

Ќе бидат поканети и главните протагонисти на последната трибина во Александар палас, Љубомир Фрчкоски и Радмила Шекеринска, за да можат да ги спротистават своите ставови.

Трибината ќе биде отворена, со можност за учество на сите граѓани што ќе дојдат.

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.